Кременадли во сос од рерна
Ужасна слика, превкусен ручек, и тоа во една тава, без користење на ниту еден друг сад! Многу сакам one pot рецепти, па уште варијанта месо/компир/сос... SOLD!
Состојки (за две до 4 лица):
4-6 средно големи кременадли (може и шницли, свинско каре, пилешки стек)
2 средно големи компири
200 гр. неутрална павлака за готвење
зачини - мајчина душица, оригано, босилек, ловоров лист
1 главица кромид
1 поголем морков
Во тава што сме ја премачкале со малку зејтин ги редиме кременадлите, ги зачиниуваме со сол, бибер, малку црвен пипер и попрскуваме со малку зејтин одозгора. Кромидот и морковот исечкани на тркалца ги редиме врз кременадлите, а врз нив и компирите исто така исечени на тркалца. Зачинуваме со мајчина душица, сол, бибер, листови ловор, оригано и босилек и попрскуваме малку зејтин. Затвораме со алу фолија и печеме околу 30 мин во добро загреана рерна на 180 степени.
Павлаката ја разредуваме со 150 мл вода или млеко и ја прелеваме во тавата. Се пече понатаму без фолија уште околу 25 мин. т.е. додека не фати коричка и боја (зависи од рерната).
Ако ја правите варијантата со пилешки стек, во неутралната павлака може да се додаде и една лажица кари.
Comments
Post a Comment