Американски палачинки со јогурт
Не знам колку месеци наназад барав рецепт за американски палачинки, и се нешто не ми чинеше. Сакав да испаднат со „обрач“ на краевите, сакав да се меки како памук, ама да не морам посебно да матам белки и жолчки...
За поздравите варијанти со овес и банана уште сум малку скептична, ама ќе продолжам да барам. Како и да е, фокусот ми беше да најдам основен рецепт што после ќе можам да го менувам по желба.
И најдов! Инспирацијата за рецептов е од тука. Но откако ги ставив сите (течни и суви) остојки, тестото уште беше прегусто. Продолжив со малку млеко, сосема малку кисела вода и матев до саканата густина. Оставив да одмори 5-10 минути и пржев по три во тава.
Убаво е на секое пржење да се става по малку стопен путер или сосема малку масло (размачкајте со четка за кифли најдобро). И на тивко. Испаднаа облачиња ❤
Многу ми е практично што состојките се мерат во чаши.
Основата:
1 чаша (од 200 мл) брашно
1 чаша (истата) јогурт
1 лажичка прашок за пециво
2 кесички ванилин шеќер
1 јајце
1 лажица растопен путер (или масло)
прстофат сол
на врв на лажичка сода бикарбона
Откако ќе ги измешате состојкиве (не ви треба миксер, само маталка), ако смесата уште е прегуста, сипете малку млеко/кисела вода до саканата густина (смесата мора да е погуста од класичните палачинки).
Филот е со еурокрем, банани и ореви. Од смесава ми излегоа 14 мали палачинки (помали од тацна).

Mnjam! ��
ReplyDeleteOmnomnom <3
Delete