Потпечен карфиол во бешамел сос
Состојки:
1 средна главица карфиол
150 грама шунка, врат, сланина, пршута (може и без ова)
За бешамелот:
450 мл млеко
20 гр. путер
малку зејтин
2 супени лаж. брашно (средно полни)
мускатен орев, сол, бибер
200 гр. рендан кашкавал
За крцкавата кора:
2 супени лажици презла
1 супена лажица пармезан
Во зовриена вода во која може да ставите една коцка за супа, сув зачин или само сол/бибер, го вариме карфиолот расцепкан на средни цветови, не повеќе од 7-8 мин. Во средно голема тава намачкана со малку путер го истураме исцедениот карфиол.
Следно, бешамелот. Парче путер и малку зејтин ставаме во тенџере и штом се стопи путерот ставаме две средно полни лажици брашно. Мешаме со маталка, и додаваме млеко на собна температура непрестано мешајќи. Ако е многу густо, разблажете со малку вода. Додаваме зачини, сол, бибер, мускатен орев. Бешамелот се вари неколку минути и го тргаме од оган, па го додаваме ренданиот кашкавал и веднаш прелеваме врз карфиолот. Врз ова, по желба ставаме некакво сувомеснато, и на крај презлата помешана со пармезанот.
Се пече околу 25 минути (да фати боја) во загреана рерна.
Comments
Post a Comment