Dutch Baby Pancake

Палачинка од рерна. 

Тестото и припремата се ептен основни, а на вас е дали сакате да е солена/блага, и се разбира изборот на фил зависно вкусот.



Состојки (за блага варијанта):

2 јајца
125 мл млеко
60 гр брашно
прстофат сол
малку цимет
пола кесичка ванилин шеќер
коцка путер (20 гр)




Сето ова го изматив во блендер, а пред тоа ја загреав рерната на 170 и во тава што смее да се стави во рерна го ставив путерот, па ја ставив во рерна паралелно додека се загрева да се стопи и путерот.

Печев околу 20 мин. без да отворам рерна. Како за прво правење, попрскав со пола лимон и наросив прав шеќер. Супер за со топло кафе! 

Comments

Popular Posts