Бомбици без шеќер

Право откритие ми се овие бомбици, прво затоа што имаат три состојки, второ, ни грам шеќер! Освен што можеби малку ќе се помачите со урмите (се лепат на сечилото од блендерот), другото е песна и готово за 15 мин.




Состојки:

пола кутија свежи урми
кора од лимон
лажица еспресо/нес
200 гр. мелени ореви
100 гр. кокос

На свежите урми им ги вадите семките и ги потопувате во врела вода со една полна лажица еспресо/нескафе. Нека постојат 20-тина минути, малку ќе набабрат, па исцедете ги, но не мора сосема. Ставете ги во блендер или ситно исецкајте ги. Сомелете или крупно исецкајте ги оревите и со кососот и кората од пола лимон ставете ги пак во блендер и кратко измешајте. Ако ги е премногу густа или леплива смесата, додадете малку млеко/цеден сок или од течноста со еспресото. 

Оставете некоја минута смесата да одмори и правете топчиња. Валкајте во кокос/ореви. Мене со денови ми стоеја во фрижидер без да им биде ништо.


Comments

Popular Posts