Шакшука (Shakshouka)

Рецептов го имам видено пред неколку месеци на некој од кулинарските канали, а пред некој ден конкретно на овој Инстаграм профил. Состојките ми се видоа супер и го направив за ручек. Излезе одлично, ќе го правам уште многу пати. Плус името му е закон. Инаку, некаде прочитав дека јадењево е од Израел, на друго место од Африка... Од каде и да е, топ е.



Состојки за двајца:

2 тенки колбаси
3 млади кромитчиња
1 чешне лук
200-300 грама свежи печурки
1 конзерва пелати
1 свеж домат
зачини по вкус (јас ставив оригано, сол, бибер, сушен босилек)
3 јајца (или колку вие сакате, согласно тавата и лицата)



Ситно исецкајте го кромидот, лукот и печурките. Пропржете и додајте ги колбасите исечкани на тркалца. Додадете ги пелатите и свежиот домат, нека крчка додека не испари малку од течноста. При крај направете вдлабнатини во тавата и ставете по едно јајце во секоја. Покријте со капак и намалете температура. Кога јајцето ќе формира коричка, тргнете од оган.


Comments

Popular Posts