Лингвини со брокула, лук и патлиџан

Рецептов го смислив пред две-три лета кога ми вриеше главата сред август, а ми се јадеше нешто ептен брзо, ама и да освежи, зошто беше пекол.



Лингвини ми се меѓу поомилените шпагети. Ги варев минута-две помалце од напишаното и ги оставив на страна.

Во подлабока тава за сосови ставив малку масло, исецкав лук и брокули, додадов путер и сецкан свеж патлиџан (со шери може и подобро) и така на тивко крчкаше неколку минути, само додека омекнаа брокулите. Ги сипав лингвините и малку од водата во која се вареа и изгасив рингла, на тој оган уште минутка дури да зачинам со сол, бибер и босилок од тераса. Изрендав и кашкавал. Ептен едноставно, брзо и многу вкусно.

Ве поздрави чаршавчево.

Comments

Popular Posts