Брза пита со сирење и блитва

Питава се вртка низ букмаркс долги години и правена е многу пати. Секогаш е хит на маса за кој и да е повод. Ако замените една чаша обично брашно со палента, ќе потсетува на проја, ама плусот е што нема да е така тешка.




Состојки:

3 јајца
3 чаши (од оние за турско кафе стандард филџани) бело брашно (или една чаша палента, две бело ако сакате)
50 мл масло
1 пециво
1 чаша (иста како таа горе) јогурт
1 врзоп блитва (може и спанаќ 300-400 гр) бланширана
300 гр сирење
пола лажичка сол
1 рендан морков (за боја, ама мене ми се изгуби при печење и не се ни познава 👀)

Се матат убаво јајцата и се додава маслото, јогуртот, потоа сувите состојки ги вмешувате со лажица, и на крај сирењето и блитвата. Одозгора посипав со микс семки, може и без нив. Во намастен и набрашнет плех се пече на 170-80 степени 40-тина минути.

Comments

Popular Posts