Јуфки

Попросто, амин. Сме ги јаделе од деца, сите знаат како се прават, ама нека стои и овој начин со пропржени корички, може некој не знае дека и вака може. Јас од кога знам за себе, само вака се правеле дома.




Значи, јуфки по можност домашни.



Пресметајте колку ќе ставите во вода што врие, а една полна шака тргнете на страна и скршете ги во мало тавче. Додадете масло и нека чекаат дури се сварат јуфките, овие се многу тенки и не им требаат повеќе од 3-4 минути. Добро исцедете (ама не ги плакнете со вода) и назад во тенџерето.

Сега ставете ги скршените кори на среден оган. Промешувајте ги, тие брзо ќе сменат боја, пазете да не ви загорат.


Треба да потемнат, ама да не станат гламја. Отприлика вака:


Ова го додавате врело врз јуфките во тенџере и веднаш мешате. Јас ставив и коцка путер, посолив, а одозгора згмечив овчо лазарополско сирење. Толку!


Comments

Popular Posts