Мармалад од сливи со рум и темно чоколадо

Пред скоро три години кога се вселував во нов дом, сакав да зготвам, да сварам нешто од кое цел стан ќе мириса некако на ДОМА.



Мармалад. За кајсии беше касно, пројдоа, ама за сливи таман период. Решив да го испробам овој рецепт. Не само што не згрешив, туку мармаладов беше хит во следните недела-две. А не знам дали има попрост и полесен и брз рецепт за мармалад од ова.

3 кг зрели сливи без семки
550 гр шеќер
100 гр квалитетно темно чоколадо
6-7 лажици рум (во оригиналот малце помалку, ама памтам дека малку повеќе ставив и беше океј)

Добро измијте ги сливите и извадете им ги семките. Почнете да ги редите во поголем лонец и сипајте го шеќерот. На тивок оган почекајте да почне да врие и варете околу 40 минути, повремено мешајќи и со лажица решетка тргајте ја пената што ќе се создава.

Проверете дали се меки и тргнете од оган. Оставете малку да се излади и со рачен миксер изблендајте. Вратете на оган и искршете го чоколадото, па додадете го румот. Мешајте уште некоја минута. Сипете од мармаладот во стерилизирани теглички. Мене ми излегоа 4-5 мали теглички (од околу 200 грама).

Comments

Popular Posts