Непечено колаче со бисквити и јаболка

Ептен е лесно за правење, состојките скоро сите ги имаме постојано дома. Плус, многу е освежително и нема многу шеќер.

Остана само сликава пред да го направиме маф.



Состојки:

- Околку 300 гр. бисквити (зависи какви ќе земете, јас земав Petit Beurre од 400 грама и искористив по 14 во секој ред, а имаше три реда)
- 2 пудинга од ванила
-1 кг јаболка (од поблагите сорти)
-цимет, рум за во јаболката по желба
-170 гр шеќер (ако јаболката не се благи, 200 гр)
-2 ванили
-200 мл слатка павлака или шлаг за одозгора
-ореви или рендано чоколадо за посипување

Изрендајте ги јаболката и ставете ги во тенџере со 400 мл вода и шеќерот, ванилите, циметот и румот (по желба). Нека се варат на тивко 10-15 минути.

Настрана пудингот се раствора во 250 мл вода и се додава на јаболките, нека проврие 3-4 минути. Претходно наредете бисквити во тава, најдолниот ред можете да го натопите во кафе/млеко, другите редови не. Сипете го врелиот фил, па наредете втор ред бисквити, па пак фил, па повторно бисквити. Оставете малку од филот за најодозгора. Треба да имате три реда бисквити и три фил од јаболки. Нека се излади сосема, па изматете слатка павлака/шлаг и изрендајте чоколадо или сипете мелени ореви. Право во фрижидер, најдобро преку ноќ - следниот ден бисквитите веќе добро ќе омекнат од филот и ќе биде убаво ладно за јадење.


Comments

Popular Posts