Наан
Индиски леб во тефлонска тава. Многу брзо се прави и супер е за со месо, зеленчуци, или дипови. Го премачкав со стопен путер и сецкан лук и магдонос, испадна супер. По многу барање, се решив за овој рецепт.
Состојки:
280 грама брашно
1 кафена лажичка прашок за пециво
1 кафена лажичка сол
50 мл јогурт
170 мл млака вода
масло за премачкување
Се замесува тесто и се премачкува целото со масло и се остава да мирува околу 40 мин. Јас правев дупла доза, а од оваа излегуваат околу 6 топчиња. Расукајте ги во големина на тефлонската тава во која ќе ги пржите. Секое топче дополнително растегнете го со малку масло и пржете во добро загреана нелеплива тава во која нема масло.
На крај сите ги премачкав со стопен путер, многу малку црвен пипер и ситно сецкан лук и магдонос.

Comments
Post a Comment