Кокос бомбици

Многу сакам кокос, многу! И нормално, рафаело бомбици, и купечки и домашни, само не мора да се со млеко во прав. И овие не се. Ми требаа вкупно 15 минути за мешање на состојките, па уште 15 чекав да се оладат, и уште толку да ги обликувам. Бомбица ко бомбица, лесна за правење и нормално, за помини-замини да земеш по една-две.



Состојки:

200 мл засладена слатка павлака
1 пудинг од ванила
100 гр бело чоколадо
100 грама кокос (плу околу 50 за валкање)
1 ванилин шеќер
околу 50-100 грама мелен бисквит (за валкање и за додавање во смесата ако ви делува ретка)



Павлаката нека се загрее во вриење на рингла на средна температура. Настрана растопете го пундингот во неколку лажици млеко, додадете го ванилиниот шеќер и истурете во слатката павлака и мешајте. Тргнете од рингла и додадете го белото чоколадо, мешајте постојано дури не се стопли. Додадете 100 грама кокос. Мене ми изгледаше смесава малку ретка па ставив и малку мелен бисквит. Оставете да се излади во фрижидер околу 15 минути. Обликувајте бомбици и валкајте во кокос/мелен лешник/бисквит. Инаку не додадов никаков друг шеќер бидејќи беа доволно благи од павлаката која беше засладена и белото чоколадо.

Comments

Popular Posts